Apple ќе го намали производството на iPhone 12 Mini поради слабиот интерес

Објавено на 10.03.2021 во Новости



Apple ќе го намали производството на iPhone 12 Mini поради слабиот интерес

iPhone 12 серијата е вистински успех со тоа што „ванила“ моделот е меѓу најпродаваните, а Pro моделите постигнаа поголем успех од iPhone 11 Pro смартфоните пред една година. Сепак, оваа серија има еден неуспех, а тоа е најмалиот iPhone 12 Mini модел.

Според најновите информации на Nikkei донесена е одлука Apple да го намали за 20% планираното производство на нови iPhone 12 Mini примероци поради слабиот интерес на купувачите.

Apple ќе ги искористи новите фабрики во Индија со кои има договор за производство на iPhone 12 моделот како најпопуларен во изминатиот период. Во првиот квартал од годинава се очекува Apple да ја надмине сумата од 110 милијарди американски долари во приходи.





Прочитајте повеќе: