Edge прелистувачот на Microsoft заминува во историјата, добредојде за Chromium

Објавено на 10.03.2021 во Новости



Edge прелистувачот на Microsoft заминува во историјата, добредојде за Chromium

Microsoft зад себе остави уште еден интернет прелистувач. Edge првично замислен како замена за Internet Explorer 11 не ги постигна посакуваните резултати, па сега и конечно завршува корисничката поддршка и овој интернет прелистувач повеќе нема да биде во употреба.

Microsoft на негово место го претстави неодамна новиот Edge прелистувач базиран на отворената платформа Chromium која е основа и за засега најпопуларниот интернет прелистувач Chrome на Google.

Edge Chromium бележи многу подобри перформанси, постабилен и побрз е, овозможува интеграција со надворешни сервиси како што е Google Apps и менаџирање на кориснички пасворди, профили и налози.

Edge Legacy од април и целосно ќе биде отстранет од оперативниот систем со следната надградба на Windows 10.

Корисниците новиот Edge може да го препознаат по различната икона со спектар со сини и зелени нијанси, додека пак стариот Edge имаше целосно сина боја на логото, за да нема забуни бидејќи во основа и двата интернет прелистувачи имаат исто име иако се работи за сосема различни платформи.