Xiaomi Mi 10S се уште го нема кажано последниот збор

Објавено на 10.03.2021 во Новости



Xiaomi Mi 10S се уште го нема кажано последниот збор

Xiaomi ги потсети корисниците на ланската премиум серија Mi 10 со лансирање на нов Fan Edition модел кој ќе чини околу 500 евра, а нуди навистина импресивни премиум компоненти и перформанси.

Новиот Xiaomi Mi 10S е претставен со 6.67 инчен FHD+ AMOLED дисплеј со 90Hz, работи со супер моќен Snapdragon 870 осум-јадрен процесор, 8 GB RAM, 128 GB UFS3.0 вградена меморија, батерија со капацитет од 4,780 mAh брзина на полнење преку кабел од 33W, безжично полнење со брзина од 30W и брзина од 10W за реверзибилно безжично полнење на други уреди.

Xiaomi Mi 10S исто така нуди главна камера со четири сензори од кои примарниот има 108 MP, 8 MP сензор со ултраширока леќа, 2 мегапикселна микро леќа и 2 мегапикселен сензор за длабочина.

Автор: Aleksandar Stankov