Протекоа слики со камерата на Huawei P50 Pro 5G

Објавено на 11.03.2021 во Новости



Протекоа слики со камерата на Huawei P50 Pro 5G

Huawei продолжува понатаму и покрај тоа што Трамп ги блокираше. Huawei P50 Pro 5G е моделот што ќе се претстави во иднина, кој ќе има два огромни сензори на камерата. Од долната страна на модулот на камерата ќе има перископска камера и ултраширок сензор.

Дисплејот ќе биде со големина од 6.6-инчи со заоблени рабови, импресивно тенки рамки и многу тенок дизајн. За селфи камерата ќе има само дупка на екранот за двојна камера. Сензорот за отпечатоци ќе биде вграден во дисплејот, а ќе има и стерео звучници од горната и долната страна на рамката.

Под хауба ќе има Kirin 9000 процесор, кој ќе биде првиот телефон со HarmonyOS. Тоа ќе се потврди следниот месец, кога ќе се презентира P50 серијата на кинескиот бренд.

Автор: Aleksandar Stankov