Facebook по многу тестови ја лансира Instagram Lite

Објавено на 11.03.2021 во Новости



Facebook по многу тестови ја лансира Instagram Lite

Facebook по долго време на бета тестирање конечно ја лансираше скратената верзија на мобилната апликација Instagram која нема да троши многу интернет и нема да го оптоварува самиот смартфон.

Instagram Lite е намената за корисниците кои имаат лош и ограничен пристап до интернет, како и до тие со ослаби смартфони кои немаат многу моќни перформанси.

Новата Instagram Lite тежи само 2 MB, нема голем дел од анимациите и некои понапредни функции како кај главната апликација и веќе е достапна во 170 земји.