Twitter двојно го зголеми квалитетот за закачување на слики

Објавено на 11.03.2021 во Новости



Twitter двојно го зголеми квалитетот за закачување на слики

Twitter воведува нова функција со која двојно го зголеми квалитетот за закачување на слики од мобилни уреди, односно со користење на мобилната апликација кој претходно беше поставен на лимит од 2K HD резолуција.

Сега практично корисниците ќе може да аплицираат слики со 4K HD квалитетна резолуција од нивните смартфони. При оваа постапка Twitter нема да ја намали резолуцијата, туку само ако фајлот надминува 5 MB ќе направи компресија на големината.

Тие што објавуваат слики од веб верзијата на Twitter нема да се соочат со намалување на квалитетот ниту на големината на фајлот при 4K HD резолуција.

Автор: Aleksandar Stankov