Poco X3 Pro доаѓа на 30 март со надеж за екстра цена

Објавено на 11.03.2021 во Новости



Poco X3 Pro доаѓа на 30 март со надеж за екстра цена

Poco како веќе самостоен бренд планира на 30 март да го претстави новиот супер смартфон во средната висока класа Poco X3 Pro со надеж дека ќе има многу ниска достапна цена за понудените перформанси.

Poco во долго писмо до фановите посочува дека од времето кога го лансираше со Xiaomi моделот Poco F1 зголемени се трошоците и даноците па затоа и цената е подигната.

Сепак, ако Poco X3 Pro се продава за цена од околу 300 евра ќе биде доволно за повторно да го привлече вниманието на фановите.