Дали Netflix ќе стави крај на споделување на лозинките?

Објавено на 12.03.2021 во Новости



Дали Netflix ќе стави крај на споделување на лозинките?

Netflix иако со години дозволуваше корисниците да ги споделуваат меѓу себе лозинките со една претплатничка смета наскоро ќе направи построги правила кои може да ја ограничат оваа пракса.

Одредени пакети на Netflix овозможуваат до четири кориснички профили на една претплатничка сметка при што корисниците ги делат трошоците и веруваме дека многумина од вас го прават тоа.

Сепак, споделувањето не застанува тука бидејќи и тие четворица потоа ја делат лозинката со уште други корисници. Така се доаѓа до голем процент на корисници кои воопшто не креирале сопствена претплатничка сметка.

Според проценките околу само 40% од корисниците од вкупниот број на корисници се всушност и претплатници. Затоа Netflix предвидува споделувањето да биде со луѓе со кои заедно живеете.

Притоа ќе се бара корисникот да ја потврди својата претплатничка сметка, но освен тоа засега не се најавуваат поголеми рестрикции како на пример геолоцирање за утврдување каде всушност се наоѓаат корисниците на една претплата.