Huawei P50 со радикално нов дизајн на камерите

Објавено на 12.03.2021 во Новости



Huawei P50 со радикално нов дизајн на камерите

Првите рендери кои го откриваат наводно дизајнот на премиум смартфонот Huawei P50 прикажуваат радикално нов дизајн на главните камери на задната страна.

Според објавените слики Huawei P50 на задната страна ќе има две големи сфери каде ќе бидат сместени во главните камери кои очигледно ќе имаат големи сензори што треба да гарантира импресивен квалитет на сликите и видеата.

Засега не се открива точниот број на сензори но, тука ќе има дефинитивно простор како за примарната камера така и за блицот и помошните сензори со различна леќа и фокус.