Новиот Chrome конечно нема да "цица" RAM меморија како "луд"

Објавено на 12.03.2021 во Новости



Новиот Chrome конечно нема да "цица" RAM меморија како "луд"

Кој би рекол дека после децении Google конечно најде начин како да спречи интернет прелистувачот Chrome да не "цица" RAM меморија за да не ја оптовари самата начина особено за корисниците кои практикуваат мултитаскинг.

Во новата верзија на Chrome 89 воведени се значајни подобрувања кои овозможуваат намалување на употребата на RAM меморијата за речиси 25%. Тоа остварат простор да отворите и други апликации кои ќе работат истовремено и на пример ако имате само 4 или 8 GB RAM на располагање.

Исто така новиот Chrome ќе ја намали употребата на меморија на табовите кои се вклучени во позадина, а не се активни што исто така треба да ги подобри перформансите.