Објавена цената на Moto G50, најевтиниот 5G телефон на Motorola

Објавено на 13.03.2021 во Новости



Објавена цената на Moto G50, најевтиниот 5G телефон на Motorola

Шпански дилер објави цена на Motorola Moto G50, телефонот со кодно име XT2137, кој наводно се нарекува “Ibiza”. Под хауба се очекува да има Qualcomm Snapdragon 480 5G процесор, кој открива 4GB RAM и 128GB ROM меморија. Неговата цена наводно ќе биде 230 евра. 

Snapdragon 480 процесорот на Qualcomm е прв од својата 4-серија што поддржува 5G мрежа. Тоа значи дека Moto G50 ќе биде најевтиниот 5G модел на Motorola. Наводно, ќе има и 6GB верзија. Moto G50 ќе биде со LCD панел од 90Hz и резолуција од 720 x 1600 пиксели, 5,000mAh батерија со 20W полнење, 48MP главна камера, 2MP сензор за длабочина, 5MP ултраширока камера и 2MP макро камера. 

Селфи камерата најверојатно ќе биде 13MP и ќе биде со класичен засек на горната страна на средина. Уредот доаѓа во следните месеци со Android 11 оперативен систем.

Автор: Aleksandar Stankov