Huawei P50 5G протече со голем дисплеј и огромна ѕверска камера

Објавено на 14.03.2021 во Новости



Huawei P50 5G протече со голем дисплеј и огромна ѕверска камера

Почнаа да протекуваат слики со новата серија на Huawei P50 серијата. Стив Хермерстофер објави CAD-рендери што го демонстрираат Huawei P50 5G во целост. Huawei P50 има огромна испакнатина за задната камера, исто како и P50 Pro, што кажува дека камерата на новиот Huawei ќе биде ѕверска.

Huawei P50 ќе има голема испакнатина со две големи леќи од задната страна, со 1-инчен сензор развиен од Sony.

Леќите од долната страна има неколку сензори, ултраширок сензор и телефото камера. Димензиите на Huawei P50 ќе бидат 156.7 x 74 x 8.3мм, 6.3-инчен екран и Kirin 9000 процесор. Huawei P50 Pro и потенцијалниот P50 Pro+ би можеле да се појават на истиот настан.