Xiaomi се спаси од американското вето

Објавено на 15.03.2021 во Новости



Xiaomi се спаси од американското вето

Xiaomi ја доби правната битка во САД и судот во Вашингтон донесе одлука со која се стопира привремената забрана од страна на департментот за одбрана со која беше ограничена соработката на американските компании.

Според одлуката на судот компаниите од САД ќе може да инвестираат во Xiaomi и да соработуваат по сите видови на основи бидејќи е утврдено дека Xiaomi не е закана за националната безбедност.

Во одлуката стои и дека нема никакви докази дека Xiaomi соработува со кинеската влада и армија и дека на било каков начин споделува собрани податоци со нив за нејзините корисници.