AirPods 3 нема да пристигнат оваа пролет

Објавено на 15.03.2021 во Новости



AirPods 3 нема да пристигнат оваа пролет

Според најновите информации на аналитичарот Минг Ли Ли оваа пролет нема да видиме нова верзија на безжичните слушалки AidPods од третата генерација бидејќи во масовно производство ќе влезат дури во третиот квартал од годинава.

Првично се шпекулираше дека Apple ќе ги претстави AirPods 3 на промотивен настан во текот на март, но овие планови засега не се базираат на реалната ситуација на теренот.

AirPods 3 најрано може да стигнат во текот на октомври заедно со лансирањето на новата генерација на премиум смартфони iPhone 13 но, со мали подобрувања на перформансите.





Прочитајте повеќе: