Најдете вакцина за КОВИД-19 со Facebook и Instagram

Објавено на 15.03.2021 во Новости



Најдете вакцина за КОВИД-19 со Facebook и Instagram

Марк Цукерберг соопшти дека неговата компанија преку социјалните мрежи Facebook и Instagram ќе води кампања за зголемување на достапноста на проверени информации поврзани со вакцините за спречување на КОВИД-19.

Facebook и Instagram ќе имаат посебен информативен центар посветен на точни вести и факти за вакцините кои се употребуваат за КОВИД-19 и со тоа да се спречи ширењето на лажни вести и дезинформации.

Исто така преку овие платформи ќе бидат достапни и линкови за регистрирање термини за вакцинирање таму каде што е достапно на повеќе светски јазици.

На Instagram при објава на стори корисниците ќе може да стават стикер дека веќе се вакцинирале со што ќе се поттикнат и останатите да го следат нивниот пример во напорите за имунизација на населението.