Откриен евтин Nokia смартфон со четири камери

Објавено на 16.03.2021 во Новости



Откриен евтин Nokia смартфон со четири камери

HMD Global подготвува нов квалитетен смартфон во основната класа кој ќе има ниска цена и одиличен сетап на главната камера со дури четири сензори.

Новиот модел Nokia G10 се појави на бенчмарк тест на сајтот Geekbench при што е откриено дека ќе располага со 6,3 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 720x1560 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Mediatek Helio P22 процесор, ќе има 3 GB RAM и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Наскоро се очекуваат и повеќе детали за сите адути кои ќе ги понуди Nokia G10 кој го очекуваме во текот на летото со цена од околу 200 евра.