Nubia Red Magic 6 со глобален пласман од април, цените солидни

Објавено на 16.03.2021 во Новости



Nubia Red Magic 6 со глобален пласман од април, цените солидни

ZTE откако го основаше брендот Nubia и му овозможи самостојно да се развива се фокусираше пред се на лансирање на екстра квалитетни гејминг смартфони, а таков е случајот и со новиот Nubia Red Magic 6.

Веќе е потврдено дека Nubia Red Magic 6 глобалниот пласман ќе го започне во април со цена од околу 600 евра за моделот со најмоќен осум јадрен Snapdragon 888 процесор, 12 GB RAM, 128 GB меморија и специјален дизајн прилагоден за контрола на видео мобилни игри.

Nubia Red Magic 6 Pro ќе се продава за цена од околу 700 евра со тоа што нуди 16 GB RAM и 256 GB вградена меморија како и премиум авијациски алуминиум како облога на задната страна наместо стакло.