Honor би можел да го лансира новиот предводник со Snapdragon 888 во јули

Објавено на 17.03.2021 во Новости



Honor би можел да го лансира новиот предводник со Snapdragon 888 во јули

Honor повеќе не е под сопственост на Huawei. Тој би можел да лансира Qualcomm Snapdragon 888 смартфон во јули, откако претходно, извршниот директор на Honor, Џорџ Жао веќе потврди дека ќе се објават нови модели како конкуренција на Apple и Huawei.

Honor веќе потпиша договор со Qualcomm, Samsung, Intel, AMD, и Sony, а во преговори е со Google да го врати Android на неговите смартфони. Snapdragon 888 смартфонот ќе биде дел од Magic серијата на Honor со високи перформанси.