Xiaomi Mi 11 Pro доаѓа со втор дисплеј на задната страна?

Објавено на 18.03.2021 во Новости



Xiaomi Mi 11 Pro доаѓа со втор дисплеј на задната страна?

Xiaomi има смислено интересен концепт на смартфон со двоен екран со тоа што помошниот дисплеј би го сместиле на задната страна веднаш до самата главна камера.

Според сликите кои се појавија ваквиот концепт би се реализирал со претстојниот супер смартфон Xiaomi Mi 11 Pro кој ќе има мал помошен дисплеј на задната страна кој ќе нуди екстра функции за камерата како што е тајмер и преглед на тоа што е во фокусот на камерата. 

Xiaomi Mi 11 Pro се очекува да биде официјално претставен следниот месец заедно со Lite и Ultra моделите покрај стандардната "ванила" верзија.