Откриени боите на новите Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 5G

Објавено на 19.03.2021 во Новости



Откриени боите на новите Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 5G

Samsung Galaxy Z Flip 3 и Z Fold 3 се очекуваат да дебитираат ова лето на Unpacked евентот во јули. Се уште немаме многу детали за овие два модела, но полека почнуваат да излегуваат.

Периодов излегоа информации  за боите. Galaxy Z Flip 3 со дизајн на школка, познат и како Z Flip 2, ќе биде во следните бои: светло виолетова, беж боја, зелена и црна боја. Виолетовата и црната боја досега ги имаше во други нијанси кај оригиналниот Samsung Galaxy Z Flip, додека беж и зелената боја се тотално нови.

Ултра-премиум моделот Galaxy Z Fold 3 ќе биде достапен во црна и зелена боја. Нови бои ќе има сигурно, но се уште не се кажуваат. Z Fold 3 ќе има и S Pen и 256GB внатрешна меморија.