Samsung ќе има уште еден адут со Galaxy A82

Објавено на 19.03.2021 во Новости



Samsung ќе има уште еден адут со Galaxy A82

Samsung планира да лансира уште еден смартфон од А серијата, а тоа ќе биде Galaxy A82 моделот кој би требало да биде претставен некаде кон летото како надополнување на Galaxy A32, Galaxy A52 и Galaxy A72.

Според достапните информации од досегашните тестови Samsung Galaxy A82 ќе има 64 мегапикселна главна камера, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 855 Plus процесор, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov