PlayStation ги претстави футуристичките контролери за VR на PS5

Објавено на 20.03.2021 во Игри



PlayStation ги претстави футуристичките контролери за VR на PS5

Sony PlayStation 5 е се уште тешко да се купи, а Sony не престанува со своите новости поврзани со PS5. Не сакаат да се игра само обични игри со оваа конзола, затоа го претставија и новиот систем за виртуелна реалност за следната генерација на PS5. Со новиот систем за играње во виртуелна реалност се потребни и нови контролери.

Како што истакнуваат од Sony, новите контролери се за подобро чувство за „нуркање“ во светот на виртуелната реалност. Тие се базираат на технологија што користи DualSense безжичен контролер што дава посебно чувство кон игрите во текот на играњето на PS5.

Првото што паѓа во очи е необичниот дизајн што потсетува на заштитните рачки на скии, а на корисникот би требало да му овозможат природно да го држи контролерот и да го користи за играње. Немате никакви жици, па така играњето во виртуелната реалност би требало да се одвива без никакви физички ограничувања.

Автор: Aleksandar Stankov