Instagram може да добие специјална верзија само за деца

Објавено на 20.03.2021 во Новости



Instagram може да добие специјална верзија само за деца

Facebook размислува за воведување на специјална верзија на мобилната апликација Instagram која ќе биде наменета само за деца и за тие под 13 години бидејќи таа возраст сега е минимално пропишана за отворање на корисничка сметка.

Според информациите од Facebook може да се лансира Instagram Kids како апликација која би ја користеле децата под надзор над нивните родители или старатели со поголема контрола на начинот на кој се употребува апликацијата.

Facebook претходно ја лансираше Messenger Kids како апликација која исто така нуди можност родителите да вршат надзор над нивните деца додека се допишуваат.