Кина, Шпанија и Сингапур веќе имаат банкомати за подигање пари со поглед

Објавено на 21.03.2021 во Новости



Кина, Шпанија и Сингапур веќе имаат банкомати за подигање пари со поглед

Хартиените пари полека ќе исчезнат, а на нивно место ќе дојдат картичките и мобилните како платежно средство, а можеби и единствен начин на плаќање. За многумина животот денес без готовина е незамислив. 

За подигнување на готовина веќе не се оди во банка, туку се вади од банкомати. Во иднина за да вадите пари, ќе биде доволно само да го погледнете банкоматот, без да несувате лозинка и картичка. Кина е пионер за таквите банкомати, каде пред 6 години е поставен банкомат со поддршка за препознавање на лица како начин на верификација на корисниците.

Истата технологија ја користи и една шпанска банка од 2019 година, со цел на банкомат картичките да може да ги замени биометријата. OCBC банката во Сингапур неодамна ги постави првите банкомати за кои не се потребни банкарски картички, туку е имплементирана технологија за препознавање на лице.

Банкоматите располагаат со безбедносни опции што спречуваат измама и користење на фотографии, видеа или маски за потврда на идентитетот. Се што корисниците треба да направат е да го внесат својот уникатен идентификациски број и да застанат пред камерата што ја поддржува технологијата за препознавање на лица.