Лансирањето на Huawei P50 наводно преместено за мај

Објавено на 22.03.2021 во Новости



Лансирањето на Huawei P50 наводно преместено за мај

Huawei P50 серијата ќе биде прва без Android и можеби ова ги држи за лансирањето. Кинеските медиуми објавуваат наводно лансирањето е преместено поради причини поврзани со HarmonyOS.

Телефоните наводно влегле во beta 3 тестирањето пред две недели и излегло дека има некои работи што мора да се поправат. Не е дека Huawei нема доверба во својот еко систем, туку мора да биде се како што треба. Кога веќе еднаш ќе излезе софтверот во етер, тешко ќе биде враќањето назад и поправањето. Претходно имаше информации дека откривањето ќе биде на крајот на март, но сега е одложено наводно за мај.

Во едно сме сигурни, Huawei дефинитивно не греши и затоа ги прави овие одложувања, доколку информациите се вистинити. Следната P50 серија ќе ги има следните модели: P50, P50 Pro, и P50 Plus. Инаку, на крајот на февруари, AppGallery имал над 530 милиони активни месечни корисници и HMS имал 2.3 милиони регистрирани девелопери на глобално ниво.