Кинеската војска ги обвини Tesla Motors за шпионажа
Tesla Motors се електрични автомобили што направија револуција во светот, со својот начин на функционирање, смарт функции, автопилот и дизајнот. Кина ги обвини автомобилите на Tesla за шпионажа, но Илон Маск им одговори: „Да го направевме тоа, ќе не забранеа во цел свет“.
Меѓу сите напредни можности, автомобилите имаат камера во внатрешноста за да може да го заштити автомобилот и сопственикот во случај на кражба и оштетување на имотот, што може да се употреби и во други случаи. Токму тие „други случаи“ ги загрижиле челните лица на кинеската војска, кои неодамна објавиле дека Tesla автомобилите се забранети на простори на воени бази и воено сместување.
Кинеската војска ја загрижува фактот што вградените камери би можеле да се злоупотребат за собирање на чувствителни податоци, а тие снимки не се достапни на кинеската влада.