Samsung Galaxy Note серијата ќе се врати во 2022

Објавено на 22.03.2021 во Новости



Samsung Galaxy Note серијата ќе се врати во 2022

Samsung нема да лансира Galaxy Note серија во 2021, со овој предводник ќе се паузира годинава. Јужнокорејските медиуми ја пренесуваат изјавата на шефот на ИТ и мобилните комуникации во Samsung, Донг-Џин Коу, познат во западот како ДиЏеј Коу: „Компанијата го прескокнува лансирањето на нов Note уред годинава, затоа што ќе биде тешко да се лансираат два предводника со S Pen поддршка во една година“.

Galaxy S21 Ultra е првиот предводник на Samsung што не е Note, а има поддршка за S Pen. Претстојниот Galaxy Z Fold 3 наводно пристигнува исто така со дигитално пенкало. Според изјавата на Коу, експертите прогнозираат дека Note серијата се одложува за следната година.