Што ќе понуди Nokia X20 за 350 евра?

Објавено на 22.03.2021 во Новости



Што ќе понуди Nokia X20 за 350 евра?

HMD Global на 8 април ќе одржи голем промотивен настан на кој ќе го претстави пролетните адути во средната класа со достапни цени и привлечни компоненти.

Меѓу нив ќе биде и новиот модел Nokia X20 кој го помина првиот тест на бенчмарк сајтот Geekbench при што се откриени и првите детали.

Nokia X20 ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 480 процесор со 6 GB RAM и ќе се продава по цена од 350 евра. Засега ова се единствените потврдени детали за Nokia X20 па повеќе информации се очекуваат наскоро.

Автор: Aleksandar Stankov