Кинеските брендови ќе се потпрат на Huawei ако добијат блокада од Google

Објавено на 22.03.2021 во Новости



Кинеските брендови ќе се потпрат на Huawei ако добијат блокада од Google

Кинеските производители на смартфони се подготвуваат за „План Б“ во случај американската администрација да ги стави на истата забранета листа како и Huawei при што би ја изгубиле можноста да ги користат сервисите на Google.

Во тој случај голем број на кинески брендови се подготвени да соработуваат и да се потпрат на Huawei за употреба на нивниот Harmony OS што ќе им даде пристап до Huawei Mobile Services како и до маркетот на апликации Huawei App Gallery.

Трговската војна ја започна американскиот претседател Доналд Трамп при што на удар беа повеќе кинески компании меѓу кои и Huawei, а засега нема сигнали дека новата администрација предводена од Џо Бајден ќе ја промени оваа политика.