Израелска компанија развива вакцина за КОВИД-19 во форма на пилула

Објавено на 23.03.2021 во Новости



Израелска компанија развива вакцина за КОВИД-19 во форма на пилула

Израелска медицинска компанија може да биде првата во светот која ќе лансира вакцина за КОВИД-19 во форма на пилула со што би се олеснила значителна глобалната имунизација.

Станува збор за вакцина наречена Oravax која ја развиваат израелско-американската компанија „Oramed Pharmaceuticals“ и индиската компанија „Premas Biotech“.

Според информациите на Oramed оралната вакцина за КОВИД-19 веќе дала одлични резултати од тестовите направени на животни, а наскоро ќе започне и клиничко тестирања на луѓе во повеќе земји низ светот.

 Ваков вид на вакцина ќе го реши глобалниот проблем на недостапност бидејќи засега сите дози одат во развиените земји, а помалите земји како Македонија останаа изневерени од заедничките системи за споделување на вакцини.