Пресметана казна - Apple во голем ќар што не дава полначи со iPhone

Објавено на 23.03.2021 во Новости



Пресметана казна - Apple во голем ќар што не дава полначи со iPhone

Apple ја доби првата парична казна за новата пракса во пакувањето на iPhone 12 моделите да не им дава на купувачите вклучен полнач со оправдување дека на овој начин се намалува електронскиот отпад.

Првата казна од 2 милиони американски долари е изречена во Бразил благодарение на постапката која ја покрена тамошната асоцијација за заштита на правата на потрошувачите Procon-SP.

Ако се земе самиот износ може да се каже дека ова е пресметана казна од страна на Apple која лесно може да ја плати со оглед на огромните приходи кои веќе се зголемени благодарение на продажбата на iPhone 12 и значителното намалување на трошоците.

Apple тврди дека корисниците веќе имаат на располагање полначи за iPhone од претходните генерации и дека не им се потребни дополнителни бидејќи така се загрозува животната средина и ограничените ресурси. 





Прочитајте повеќе: