Џордан Белфорт „Волкот од Вол Стрит“ призна дека погрешил за вредноста на Bitcoin

Објавено на 23.03.2021 во Новости



Џордан Белфорт „Волкот од Вол Стрит“ призна дека погрешил за вредноста на Bitcoin

Американскиот автор и инвеститор Џордан Белфорт врз чија биографија беше снимен филмот за корпоративната алчност „Волкот од Вол Стрит“ призна дека погрешил во неговите проценки дека Bitcoin како крипто-валута ќе исчезне.

Сега, Белфорт вели дека погрешил со тврдењата дека вредноста на Bitcoin во 2017 ќе продолжи да паѓа по што ќе дојде до негово исчезнување. Белфорт, исто така смета дека сега повеќе од било кога има голема база на корисници на оваа крипто-валута која станува се поатрактивна во период кога централните банки печатат нови пари за да се справат со економската криза предизвикана од КОВИД-19.

И натаму, Белфорт смета дека постојат многу можности за измами и манипулации со Bitcoin и перење на пари, но се зголемува неговата кредибилност како платежно средство благодарение на се поголемиот број на инвеститори.