Microsoft сака да го купи Discord за 10 милијарди долари

Објавено на 23.03.2021 во Новости



Microsoft сака да го купи Discord за 10 милијарди долари

Microsoft може да се врати на голема врата во светот на социјалните медиуми со планот за аквизиција на популарната апликација Discord за која планира да потроши импресивни 10 милијарди американски долари.

Discord првично функционираше како гејминг платформа за споделување на содржини и стриминг, а потоа меѓу помладите корисници особено интересни и популарни станаа чат собите за допишување. 

Засега Discord е специфичен производ кој има 140 милиони корисници, но компанијата и натаму работи непрофитабилно, односно има уште простор за монетизација.

Според последните проценки вредноста на Discord беше поставена на 7 милијарди американски долари и компанијата наместо да чека аквицизија од Microsoft може да излезе самата на берза со иницијална почетна понуда на акции за кои со сигурност може да се каже дека ќе има огромен интерес.