Instagram најмногу ги употребува вашите податоци за таргетиран маркетинг

Објавено на 24.03.2021 во Новости



Instagram најмногу ги употребува вашите податоци за таргетиран маркетинг

Instagram е на првото место на компании кои најмногу ги употребуваат податоците на корисниците за таргетиран маркетинг за сопствени потреби. Поточно Instagram собира 86% од податоците на корисниците на апликацијата за пласирање на реклами.

Instagram исто така 79% од податоците на корисниците ги отстапува и на други компании за пласирање на реклами според утврдената персона на корисникот, неговите на навики на онлајн купување, кликови, контакти и реакции на социјалната мрежа.

Всушност Instagram е рекордер и внатре во групацијата на Facebook. 

Автор: Aleksandar Stankov