Facebook ја укинува опцијата за заедничко гледање на видеа

Објавено на 24.03.2021 во Новости



Facebook ја укинува опцијата за заедничко гледање на видеа

Facebook од 16 април ќе ја укине можноста за заедничко гледање на видеа на корисниците преку т.н. забави за гледање на видео содржини. Корисниците и натаму ќе може да објавуваат видеа со закажување и да испратат линкови до нивните пријатели.

Засега не се открива точната причина за укинување на оваа функција која беше воведена коинцидентно или не со прогласувањето на пандемијата и затворањето дома под карантин.

Можеби олеснувањето на дел од мерките направи корисниците веќе да немаат толкава потреба од заедничко гледање на видеа со нивните пријатели со кои може да испијат кафе или да се видат за нивните заеднички интереси и активности во живо.