Маск: Купете Tesla со Bitcoin

Објавено на 25.03.2021 во Новости



Маск: Купете Tesla со Bitcoin

Милијардерот Илон Маск има се поголема доверба во најпопуларната крипто-валута. Основачот на Tesla преку Twitter ги повика корисниците следниот електричен автомобил да го платат со Bitcoin.

Ова е и официјална потврда на новата политика на Tesla Motors со тоа што можноста за купување на електрично возило со крипто-валута ќе започне некаде од крајот на оваа година. 

Tesla претходно вложи 1,5 милијарди долари во Bitcoin што е меѓу другото и една од причините за раст на вредноста на ова дигитално платежно средство.