Се појави Huawei P50 Pro со дури пет главни камери

Објавено на 25.03.2021 во Новости



Се појави Huawei P50 Pro со дури пет главни камери

Huawei најверојатно подготвува супер моќна Pro верзија на премиум смартфонот Huawei P50 за која втор пат по ред се појавуваат слики со пет камери на главната камера на задната страна.

Овој пат, неофицијалниот рендер на Huawei P50 Pro исто така покажува пет сензори на главната камера но, поставени во засек во форма на пилула, односно има кружна форма, додека пак претходните слики оиалуваа penta camera со правоаголна форма.

Овие пет сензори ќе имаат повеќе функции за главната камера меѓу кои перископска леќа, макро, длабочински фокус и различни агли.

Huawei P50 Pro иако се шпекулираше дека ќе се појави во март се позовесно е дека ќе го видиме нешто подоцна, можеби во мај годинава.