Moto G100 доаѓа со врвен процесор и достапна цена

Објавено на 25.03.2021 во Новости



Moto G100 доаѓа со врвен процесор и достапна цена

G серијата на Motorola досега претежно се фокусираше на средната класа со поевтини смартфони и атрактивни перформанси, но сега оди чекор понапред со моделот Moto G100.

Новиот Moto G100 е прв модел од оваа серија во високата класа со достапна цена од 500 евра нудејќи врвен процесор Snapdragon 870, батерија со капацитет од 5000 mAh, 8 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија.

Moto G100 исто така нуди 6.7 инчен IPS LCD 90Hz дисплеј со Full HD резолуција, четири сензори на главната камера и двојна селфи камера.