Xiaomi Mi Mix по пауза од неколку години ќе направи камбек

Објавено на 26.03.2021 во Новости



Xiaomi Mi Mix по пауза од неколку години ќе направи камбек

Xiaomi долго време го чуваше како резерва брендот Mix, но сега изгледа конечно е подготвен да лансира атрактивна иновација преку новиот модел Xiaomi Mi Mix Fold.

Да потсетиме дека Mi Mix беше првиот смартфон во светот со минимални рамки околу дисплејот што подоцна стана тренд кој го применуваат сите мобилни брендови.

Mi Mix брендот како предвесник на мобилните иновации последниот модел Alpha не го лансираше на пазарот бидејќи остана како концепт модел со цена од 3000 долари.