Познато со каков процесор ќе работи гејминг смартфонот на Redmi?

Објавено на 29.03.2021 во Новости



Познато со каков процесор ќе работи гејминг смартфонот на Redmi?

Redmi како суб-бренд на Xiaomi има се поголеми амбиции и меѓу нив е годинава да лансира екстра гејминг смартфон кој ќе има за нијанса пониска цена од конкуренцијата без компромиси во перформансите.

Според информациите на инсајдери од Кина веќе се открива дека Redmi Gaming Phone ќе работи со осум-јадрен Dimensity 1200 процесор, ќе има 8 GB RAM, рамен OLED дисплеј и батерија со капацитет од 5000 mAh и брзо полнење од 65W.

Новиот смартфон на Redmi ќе има специфичен дизајн наменет за гејмери и најверојатно ќе се продава за цена до 350 евра.

Автор: Aleksandar Stankov