Google Maps ќе ве води кон "спас" од климатските промени

Објавено на 31.03.2021 во Новости



Google Maps ќе ве води кон "спас" од климатските промени

Google Maps ќе ја засили општествената одговорност на компанијата со тоа што преку апликацијата за мапи и навигација возачите ќе бидат упатувани до рутите кои се најеколошки.

Новата услуга на Google Maps на возачите ќе им кажува каде да возат по кои патишта каде се троши најмалку гориво.

На тој начин возачите ќе имаат ефикасно планирање на рутата, а истовремено ќе се грижат за животната средина, намалување на емисиите на јаглероден диоксид од фосилните горива и намалување на последиците од климатските промени.