Huawei го трансформира образованието и ја зголемува ефикасноста за 30%

Објавено на 01.04.2021 во Новости



Huawei го трансформира образованието и ја зголемува ефикасноста за 30%

Huawei на конференцијата за Индустриската дигитална трансформација во 2021, го претстави сеопфатното интелигентно решение за приватни мрежи и решенија за смарт училници со коишто сака да го модернизира образованието и работењето низ светот, а воедно ги повика партнерите од цел свет да ги искористат можностите што им ги носи ICT со цел заеднички да го промовираат развојот на понудата за решенија за приватни мрежи.

Како што истакнуваат, решението за приватните мрежи овозможува сеприсутна поврзаност, користење на интелигентни производи и решенија и конфергирани и споделени податоци. Huawei моментално на приватните мрежи покрива 18 локации со околу 4,3 милиони метри квадратни, а користењето на различните решенија на тие мрежи овозможило зголемена ефикасност за 30% во канцелариското работење и административните услуги. Истовремено имало намалување во потрошувачката на енергијата за 10%.

Huawei посветил дел од конференцијата во претставувањето на своето уникатно решение за смарт училници, кои се базираат на смарт столбот Huawei IdeaHub Board. Huawei IdeaHub Board го комбинира смарт пишувањето, безжичното проектирање и отворени програми во еден столб. Huawei IdeaHub Board има потенцијал да ги реши најголемите предизвици на учителите во цел свет, а тоа се недостатокот на интерактивните методи, неоптималната алокација на ресурсите и ниската ефикасност за управувањето со процесот.