Microsoft склучи договор со армијата на САД тежок 21.9 милијарди долари за „HoloLens“

Објавено на 01.04.2021 во Новости



Microsoft склучи договор со армијата на САД тежок 21.9 милијарди долари за „HoloLens“

Американската армија ќе набави 120 илјади „HoloLens“ уреди од Microsoft за проширена реалност. Прво ќе се креира прототип, а потоа ако се оди како што треба, Microsoft ќе ги испорача уредите што функционираат слично како HoloLens. Договорот во следните 10 години може да достигне „тежина“ од 21,9 милијарди долари.

Integrated Visual Augmentation System – IVAS е технологијата на која што работат американската армија и Microsoft, за развој на интегриран систем за визуелно проширување. Договорот за соработка е склучен уште од 2018 година, кој на Microsoft му донесе 480 милиони долари за почеток. Целта на договорот е со Microsoft Azure сервисите да се креира платформа што ќе овозможи на војниците да бидат побезбедни и поефективни.