Instagram ги предупредува корисниците да се заштитат од хакери

Објавено на 02.04.2021 во Новости



Instagram ги предупредува корисниците да се заштитат од хакери

Има нов тип на измама присутна на Instagram. Станува збор за директна порака што корисниците ја добиваат во која лажно се известува корисникот д3ка злоупотребил авторски права и така има оставено линк, на кој што корисникот треба да кликне за наводно да добие поддршка.

Кога ќе кликнете на тој линк, вие всушност ги испраќате вашите лични податоци, заедно со вашата лозинка од Instagram профилот. Корисниците се предупредуваат никогаш директно да не комуницираат со оние што ги известуваат дека прекршиле авторски права и дека ваквите пораки треба да се игнорираат.