Samsung ќе лансира два модела од F-серијата на 5 април

Објавено на 02.04.2021 во Новости



Samsung ќе лансира два модела од F-серијата на 5 април

Samsung најверојатно ќе презентира два смартфона од F-серијата: Galaxy F12 и Galaxy F02s. Двајцата се наменети за индиските корисници засега, а дали ќе доаѓаат во Европа се уште останува непознато. Нивните почетни цени ќе бидат $120.

Galaxy F12 ќе биде подобриот смартфон со огромен 6.5-инчен HD+ Infinity-V дисплеј од 90Hz и импресивна главна камера од 48-мегапиксели. Се уште нема информации за камерата, процесорот и меморијата. Galaxy F02s ќе има сличен дисплеј и 5,000mAh батерија, а под хаубата со Snapdragon 450 процесор и тројна задна камера со главен сензор од 13-мегапиксели.

Samsung Galaxy F02s ќе биде со 3GB RAM + 32GB ROM меморија, или 4GB RAM + 64GB меморија, зависи од моделот. 

Автор: Aleksandar Stankov