Протекоа гласини за новиот модел на евтин iPhone SE

Објавено на 03.04.2021 во Новости



Протекоа гласини за новиот модел на евтин iPhone SE

Дизајнерите го развиваат се уште новиот модел од серијата SE, планиран да излезе во 2022 година. Новиот iPhone SE има дизајн што нема да се разликува премногу од минатиот модел. И тој модел има LCD екран наместо OLED, додека големината на екранот изнесува 4,7 инчи.

Новиот SE не би имал засек, туку камерата би била сместена во горниот дел над екранот, како во постарите модели. Новитетот би бил поддршката за 5G технологија.