LG се повлекува од пазарот на смартфони, Samsung ќе искористи

Објавено на 05.04.2021 во Новости



LG се повлекува од пазарот на смартфони, Samsung ќе искористи

10% од пазарот во Северна Америка ќе остане празен, затоа што LG дефинитивно  се повлекува од пазарот, кој е трет по сила таму. На тој пазар ќе се борат сега Samsung Electronics и Apple Inc.

„Во САД, LG го таргетираше пазарот на уреди со средни и ниски цени, што значи дека Samsung ќе биде во подобра позиција од Apple, затоа што има поумерени цени и со тоа ќе ги привлече корисниците на “, вели Ко Еуи-Јанг, аналитичар во Hi Investment & Securities.

Одделот на LG за смартфони бележи речиси 6 годишни губитоци од вкупно 4,5 милијарди долари. Напуштањето на ваквиот компетитивен пазар ќе овозможи LG да се фокусира на областите како што се делови за електрични автомобили, смарт домови и поврзани уреди, пишува во официјалното соопштение на LG.