Роботот Софија нацрта уметничко дело, продадено за 688.888 долари

Објавено на 05.04.2021 во Новости



Роботот Софија нацрта уметничко дело, продадено за 688.888 долари

Софија е мултиталентиран робот, може да зборува, да се шегува, да пее и да црта. Нејзиниот дигитален цртеж е продаден на аукција за 688.888 долари во форма на токен (NFT). Тоа значи дека новиот NFT пазар има огромен потенцијал, каде што луѓето купуваат сопственички права на дигитална содржина.

Секој NFT токен има уникатен дигитален код што овозможува на сите да ја потврдат автентичноста и сопственоста. Софија е досега најпопуларизиран робот веќе неколку години, креирана од компанијата Hanson Robotics.