Екран кој лебди во воздух - минималистички дизајн на Samsung Neo QLED 8K телевизорот

Објавено на 05.04.2021 во Новости



Екран кој лебди во воздух - минималистички дизајн на Samsung Neo QLED 8K телевизорот

Еден од постулатите на модерниот дизајн, особено кога станува збор за технолошки производи, е елиминирање на излишни елементи по детална анализа и дефинирање на оние неопходните. Токму по овој вид на естетика се води и компанијата Samsung Electronics, која постојано работи на еволуцијата на дизајнот на своите телевизори, обезбедувајќи дополнителна вредност преку намален изглед и ограничен број на елементи.  

Иако функционалноста останува клучна карактеристика на секој телевизор, дизајнерите од компанијата Samsung исто така се фокусираат и на искуството со гледање, земајќи го предвид просторот во кој ќе се наоѓа телевизорот и начинот на кој ќе се поврзе со останатите уреди во околината. Благодарение на внимателното истражување на различните животни стилови на корисниците, дизајнерите успеаа да ги отстранат сите елементи што потенцијално може да се мешаат во искуството за гледање на новите Samsung Neo QLED 8K телевизори, оставајќи ги само оние што придонесуваат за гледање на содржината - што е и вистинска смисла на секој телевизор.

Бришење на сите граници

Infinity екранот, како единствена карактеристика во дизајнот на Samsung телевизорите, овозможува максимално извонредно искуство, со минимални рабови околу самиот екран. Рамката на Samsung Neo QLED 8K телевизорот е намалена скоро до нула, благодарение на напредните технологии и техниките на дизајнирање - изработени од нерѓосувачки челик и дебелина од само 0,8mm, оваа рамка ги „брише границите“ помеѓу екранот и околината, создавајќи илузија дека екранот лебди во воздухот. 
„Infinity One дизајнот е создаден со цел потполно интегрирање на уредот во околината, така што е отстранет секој елемент од телевизорот што не придонесува за максимизирање на површината за гледање. Ова е совршен пример за насоката во која веруваме дека Samsung телевизорите треба да еволуираат. Ова е совршен пример за насоката во која веруваме дека треба Samsung телевизорите да се развиваат“, рече Jangho Kim, еден од дизајнерите на Samsung Neo QLED, и додаде дека за време на процесот на дизајнирање започнал од единствениот идентитет на Samsung QLED 8K линијата на уреди, подобрувајќи го преку подобро разбирање на корисниците и нивното окружување. 
И покрај тенкиот изглед, перформансите на овие телевизори се повеќе од моќни, благодарение на иновативните технологии. Отворот за звучник и subwoofer системот, сместени на задниот дел од екранот, емитуваат доволно богат и висококвалитетен звук, без потреба за дополнителни звучници, а со технологија на база на вештачка интелигенција, корисниците можат да уживаат во звук прилагоден на содржината што ја гледаат, како и нивното окружување.  

Подобрен One Connect

Телевизорите кои се монтираат на ѕид обично вклучуваат вградување на дополнителни елементи, додека оние со држач бараат маса или други парчиња мебел, кои честопати можат да ја „натрупат“ просторијата. За да се избегнат било какви непотребни ситуации, Samsung One Connect системот е редизајниран да се вклопи без проблем во различни животни средини, со брза и лесна инсталација.  
Целиот процес на редизајн ги натера Samsung дизајнерите да создадат нов додаток - монтажниот Slim One Connect, кој во исто време служи како сталажа за телевизор и главниот технолошки центар.  
„Просториите во кои корисниците ги поставуваат своите телевизори стануваат сè поразновидни. Бидејќи луѓето поминуваат сè повеќе време во своите домови, порасна и  желбата дизајнот на ентериерот да се вклопува со личниот вкус на корисникот. Ова нас нè натера да го анализираме ТВ искуството на микро ниво, се до најмалите детали. Сакав да им понудам на корисниците едноставно телевизиско искуство, па затоа го создадовме Attachable Slim One Connect кој се вклопува во секој животен простор.”, рече Sangyoung Lee, еден од дизајнерите на Neo QLED.

Како што беше случај и досега, Samsung и неговите дизајнери ќе продолжат да ги преиспитуваат и надминуваат постојните постулати, обезбедувајќи најфункционални дизајнерски решенија насочени кон постигнување на најдобро можно искуство на гледање за корисниците.