Facebook уште малку влегува во клубот на трилионери

Објавено на 06.04.2021 во Новости



Facebook уште малку влегува во клубот на трилионери

Одредени технолошки компани направија рекордно висок профит од коронакризата. Три големи технолошки компании ја оствариле највисоката пазарна вредност во историјата на пазарот. 

Facebook ја затвори берзата во плус 3,4%, додека максималниот раст вчера беше 4%. Пазарната вредност на компанијата на Марк Цукерберг сега се движи кон 900 милијарди долари. После затварањето на берзата компанијата беше 880 милијарди долари. Не е тешко да се заклучи дека доаѓаме полека кон 1 трилион долари. 

Microsoft вчера порасна над 3%, а после затварањето на берзата заврши во плус од 2,8% и пазарната вредност на компанијата денес изнесува 1,88 трилиони долари, што е најмногу досега. Исто е и со Alphabet, компанијата што го опфаќа Google и останатите компании настанати од Google. Вчера завршија во плус повеќе од 4% и нивната пазарна вредност сега изнесува 1,5 трилиони долари.